ПресМК

Најнови Вести од Македонија

Новости Политика

ВМРО:СДСМ одбива да одговара на прашања околу договорот за името затоа што е штетен

Според најнови вести, Зоран Заев и СДСМ ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдат капитуланскиот договор кој го потпишаа со Грција,и на тој начин се откажаа од се што е македонско изјави лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицковски.

СДСМ одбива да одговара на прашањата околу капитуланскиот договор.Тоа е заради фактот дека договорот е штетен и може да предизвика неповратни последици по македонскиот идентитет.Со договорот се губи инстутиционалниот идентитет кој е значајна компонента на националниот,односно СДСМ со преименувањето на институциите го менува и идентитетот на Република Македонија.Со членот 8 од договорот се предвидува комисија за ревидирање на културата и археологијата и Грција може да го употреби тоа како кочница во ЕУ интеграцијата кога и да посака.

Заев се согласи на распродажбата на националните и државните интереси од само една единствена причина, а тоа е да го покрие криминалот што го прави картелот на власт.

Тоа што Македонија назадуваше на листата на транспарентност и е најкорумпирана земја во Европа не зависи од капитуланскиот договор.Тоа што растот на БДП е бетониран на нула не зависи од капитуланскиот договор.Тоа што имаме најниски плати во регионот,а заемјоделците немаат пласман и осиромаштуваат не зависи од договорот.Тоа што образованието тоне и на први септември нема книги за учениците не зависи од договорот.

Се ова се должи на неспособноста на расипничката власт.

Се ова ќе се смени откако Заев ќе си замине.За да се смени националната катастрофа која ни се случува во овие 15 месеци,не мора да се откажеме од нашиот идентитет.Доволно е народот да му каже доста на Заев.Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО -ДПМНЕ.

 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *