Со повеќе пригодни настани изминатиот викенд во Сиденхам, Мелбурн,се одбележаа јубилејните 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија.
Прес МК Портал беше присутен на настанот: 60 одини од нејзиното возобновување во лицето на Македонската православна црква (1958 – 2018) и 1155 години од Моравската мисија на рамноапостолните солунски браќа свети Кирил и свети Методиј, сесловенските учители и просветители.
Од Австралиско-сиднејската православна епархија информираа дека по тој повод света божествена литургија се одржа во
Соборниот храм на Австралиско-сиднејската православна епархија – „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам.
На Духовната академија беше промовирана и книгата „Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот
отечник“ на архимандритот Гаврил (Галев), игумен на македонскиот православен манастир „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк.
Отец Гаврил посочи дека „во делото накратко се разработени теми од Лествицата и Египетскиот Патерикон“, кои
преставуваат неисцрпни и постојано актуелни енциклопедии и кодекси на вистинско христијанско живеење во Светиот Дух.
По свечената академија се одржа и културно-уметничка програма./МИА.