прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

10.9.2010  
 Македонија
 Балкан
 Европа
 Свет
 Архива
 2008
 2007
 2006
 2005

Терористите можат да користат оружје за масовно уништување уште во 2013 година, сметаат американски експерти

Терористите можат да користат оружје за масовно уништување во нападите врз кој и да е поголем град во светот уште во 2013 година, се наведува во вчера објавениот извештај од раководителите на Комисијата за спречување на ширењето на оружје за масовно уништување и на тероризмот при Конгесот на САД, Боб Грем и Џим Телнт.

Експертите сметаат дека е веројатно екстремистите за своите цели да употребат биолошко, а не нуклеарно оружје. Според нив заканата за Америка и светот е сосема реална и се зголемува. Заклучоците им се засноваат на три аргументи.

Првиот се однесува на ниската цена на производството и ширињето на биолошкото оружје, кое во иднина ќе биде се поевтино и лесно достапно. Вториот е што ефикасноста на овој вид оружје е поголема отколку при користење на рачноизработена нуклерна експлозивна направа, и третиот е дека биотерористите се сретнуваат со помалку потешкотии од оние кои имаат работа со нуклеарно оружје.

Врз основа на наведените аргументи, Грем и Телнт повикаа на создавање федерално и локално ниво на национална стратегија за борба против биотероризмот.


Американските власти вчера ги предупредија локалните полициски служби за можни терористички напади врз луксузни хотели и покрај тоа што немаат информации за точното време и место.

Предупредувањето е упатено од американското Министерство за национална безбедност и од Федералното истражно биро и не е поврзано со истрагата за планираниот бомбашкиот напад во Њујорк и во Денвер, поради кои минатата недела имаше две предупредувања.x

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................