прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

10.9.2010  
 Македонија
 Балкан
 Европа
 Свет
 Архива
 2008
 2007
 2006
 2005

Силно обезбедување на геј парадата во Белград

Илјада полицајци добиле заповед да ја обезбедуваат геј парадата во Белград оваа недела, поради опасност од евентуални провокации.

Парадата е прво такво случување по митингот за правата на хомосексуалците во 2001 г, што заврши со насилство, кога фудбалските хулигани, националистите и скинхедсите ги нападнаа учесниците во парадата.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешните работи Ивица Дачиќ рече дека неколку илјади полицајци ќе учествуваат во обезбедување на случувањето.

„Никое слично друго собирање во Србија не е толку под закана од провокации. Има јасни индикации за тоа, дека некој се заканува на парадата и полицијата ќе реагира", изјави тој и ги повика граѓаните на мирно манифестирање.

Крајната десните националистички движења и фудбалските хулигани сакаат да предизвикаат проблеми во текот на парадата најавуваат локалните медиуми.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................