прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

10.9.2010  
 Македонија
 Балкан
 Европа
 Свет
 Архива
 2008
 2007
 2006
 2005

Браун предлага намалување на атомскиот арсенал

Британскиот премиер Гордон Браун нуди намалување на британскиот атомски арсенал.

На утрешната специјална седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации, Браун ќе рече дека тој е подготвен да ја намали британската флота Тридент подморници, кои носат нуклеарни проектили, од четири на три.

Средбата на Советот за безбедност, со кој ќе претседава американскиот претседател Барак Обама, ќе се фокусира на намалувањето на светскиот атомски арсенал.

Известувачите велат дека понудата на британската влада ќе значи и заштеда на милијарди долари, во реме која јавните финансии се изложени на притисок.

Иран вели дека испробува унапреден тип центрифуга за збогатување ураниум, развиена од ирански научници.

Центрифугите можат да бидат користени за производство на атомско оружје и за гориво за атомски централи.

Ова е соопштено на неколку дена пред Иран да ги започне новите преговори за неговата атомска програма.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека сега е време другите земји да го притиснат Иран околу нуклеарното прашање.

Во телевизиско интервју тој рече дека иранската влада е послаба отколку што многумина сметаат и оти ја нема поддршката од народот.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................