Најнови Вести Македонија: ВМРО – ДПМНЕ покажува дека е без политички компас, дека нема јасен правец на делување и дека е во тотална конфузија,и тоа токму во еден од најважните периоди за иднината на Македонија.

ВМРО – ДПМНЕ го цензурираше говорот на нивниот претседател Христијан Мицковски во Кичево на 02.09.2018.

Од говорот на Мицковски на официјалниот канал на ВМРО – ДПМНЕ цензурирани се неколку реченици кои побудија најголем медиумски интерес.ВМРО – ДПМНЕ го цензурираше Мицковски кој самиот за себе вели “Кој е Мицковски да му каже на народот што треба да прави”.

Партија што се автоцензурира и менува сопствени содржини,покажува дека нема јасни ставови,дека во неа владее целосна конфузија,дека не го почитува ниту сопствениот збор ниту граѓаните.

Време е ВМРО – ДПМНЕ да се стабилизира,да се преиспита и да се вклучи во процесите кои носат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски Сојуз на Македонија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *