Денешни вести објавуваат дека нешто по полноќ со јачина од 2,5 степени според Рихтер жителите на Свети Николе и околината на 49 километри од Скопје,почувтсвуваа земјотрес.

Претходно,во неделата земјотрес од 2,7 степени според скалата на Рихтер,се почувствувал исто така во Свети Николе,на 27 километри од Скопје.Потресот бил на длабочина од 2 километри.

И на 30.08 ноќта во 02 часот и 10 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од струмичкото епицентрално подрачје.

Инаку,земјотрес со јачина 3,2 степени по Рихтер со епицентар имало и во Куклиш,општина Босилово.Земјотресот беше на длабочина од два километри и траел многу кратко.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *