ПресМК Објавува: Откажано Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија

ПресМК ги објавува најновите вести од Фудбалската федерација на Македонија. Денеска соопшти дека е одложено Собранието кое беше закажано за 1 септември на кое требаше да се избере нов претседател на организацијата.

Во денешни вести дознавме дека кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија,предложен од ОФС Кавадарци,Сашко Тасев ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.

-Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 1 септември 2018 година поради повлекување на поднесената и утврдената кандидатура за претседател на ФФМ се откажува,објави ФФМ.

Комисијата за жалби при ФФМ,постапувајќи по поднесените жалби по одлуки на Комисијата за избори и верификација на ФФМ,а во врска со поднесените кандидатури за претседател на ФФМ ги потврди одлуките на Комисијата за избор и верификација на ФФМ.

-Управниот одбор на ФФМ,администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат  со цел организација на Генералното собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес,објави федерацијата на својата веб страна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *