прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

17.5.2008  
 Македонија
 Балкан
 ЕУ
 Свет
 Архива
 2007
 2006
 2005

Нова средба за демаркација на границата кон Косово
Работната група за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово ќе продолжи со работа денеска.
ОБСЕ/ОДИХР без коментар за инцидентите, конечната оценка по изборите

Набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права - ОДИХР за претстојните парламентарни избори во Македонија во следните неколку дена ќе
објави преоден извештај, а по завршувањето на изборите ќе излезе со конкретна оценка.
Либерализација и укинување на визниот режим за македонските граѓани, ветуваат италијански европратеници

Европратениците Рикардо Вентре и Марчело Вернола на средбата со министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ветија поддршка
за целосна либерализација и укинување на визниот режим
за македонските граѓани
Македонија на 75 место по слобода на економијата

Македонија е на 75 место,
од 178 држави, по економска слобода се вели во извештајот
на Светската Банка “Doing Business“.
Грци блокираат македонски, а пуштаат српски вагони

Грците ги блокираат македонските товарни
вагони, а пуштаат српски.
Раководството на грчката железница вчера дозволи влез
за три српски вагони, чие
крајно одредиште е градот Лариса, додека 510 товарни вагони на „Македонски железници“ веќе 6 дена се заглавени поради штрајкот
на грчките железничари
Без мирни и фер избори се ризикува иднината на земјата, порачуваат ЕУ амбасадорите

Амбасадорите на ЕУ во Македонија на прес -конференција по денешната средба со претседателот Црвенковски апелираа за итен прекин на предизборните инциденти и побараа од политичките лидери да ги
осудат и да ги контролираат партиските активисти

Лавров: Резултатите од изборите го потврдија демократскиот карактер на Србија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека резултатите од парламентарните избори во Србија го потврдиле демократскиот карактер на српската држава, истакнувајќи дека Русија одржува контакти со сите политички сили во Србија и „оти нема предрасуди кон ниту едно политичко движење“.
Уверлива победа на проевропска Србија на изборите

Коалицијата „За европска Србија“ предводена од
шефот на државата и лидер
на Демократската партија
Борис Тадиќ оствари уверлива победа на предвремените парламентарни избори.
Рикер: Резултатите од локалните избори неважечки

Шефот на УНМИК Јоаким
Рикер го повторува ставот дека српските локални избори на Косово се незаконски, дека во покраината не може да постои паралелна администрација и дека УНМИК ќе реагира „според косовските закони“, ако некој
се обиде да формира паралелни органи на власта.
Мисијата на ЕУ на 15 јуни ги презема ингеренциите на Косово

Целта на Мисијата на ЕУ е да
се реализира планот за Косово
и да изградат демократско мултиетничко општество, во кое ќе се почитуваат човековите права, изјави Питер Фејт
„Хјуман рајтс воч“ бара истрага од Приштина и од Тирана за киднапираните и исчезнатите Срби

Меѓународната организација
за човекови права „Хјуман
рајтс воч“ денеска побара од косовските и албанските
власти да покренат истрага за исчезнувањето на околу 400 Срби по завршувањето на војната во Косово.

Поранешен командант на ЕТА осуден на 15 години затвор

Судот во Париз го осуди синоќа поранешниот воен командант
на ЕТА Хуан Ибон Фернандез Иради наречен Суспер на 15 г. затвор, само три месеци откако во Франција му е изречена и казна од 30 години затвор.

Мозокот на атентатите од 11 септември 2001 година ќе се појави на суд

Халид Шеих Мохамед,
кој се смета за мозок на терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година,
во кои загинаа 2.973 лица,
ќе се појави на суд на 5 јуни.
Во американските затвори во Ирак има околу 500 малолетници

Околу 500 малолетни лица се наоѓаат во американските затвори во Ирак под
обвиненија дека претставуваат закана за безбедноста, јави АФП, цитирајќи извештај на администрацијата на претседателот Џорџ Буш, испратен до Комисијата за правата на детето при ОН.

Кина ќе работи на спречување на поплавите по земјотресот во провинцијата Сачуан
Земјотресот што го опустоши Сачуан предизвика сериозни проблеми со безбедноста  на водните инсталациии во Југозападна Кина, соопшти министерот за водни ресурси Чан Леи.
Google

Newsletter
Внесете ја својата e-mail адреса за да добиваш Newsletter:
Пребарување
ДУИ: МВР нема право да дава одобрение за организирање митинзи на градскиот плоштад во Гостивар
ОБСЕ/ОДИХР без коментар за инцидентите, конечната оценка по изборите
Дел од претседателството и членовите на ВМРО-НП од Крива Паланка преминале во редовите на ДОМ

Билјана Ванковска
TINA принципот како темел на државната политика


НЕДЕЛНО ИНТЕРВЈУ

Али Ахмети, претседател на ДУИ
За доброто на сите е изборите да бидат слободни, фер и демократски

Анкета

Промена на името за влез во НАТО

Мнозинството (60%) од граѓаните на Република Македонија не се согласуваат Република Македонија да го промени своето уставно име со цел да стане дел од НАТО Алијансата. Сепак, значителен процент од 36% од граѓаните сметаат дека Македонија треба да го промени името за земјата да влезе во НАТО-(4% не дале одговор). Ова се дел од резултатите на анкетата која Центарот за Истражување и Креирање Политики од Скопје ја спроведе од 12-13 април 2008 година на примерок од 1100 испитаници со запазени критериуми за етничка, полова и регионална припадност.

Download File
Format: PDF


Манчевски за „Елефтеротипија“:
Негирањето и пропагандата нема ја сменат вистината за Македонија
Македонскиот режисер Милчо Манчевски во денешното интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“ ги повикува Грците да размислат за штетата што може да ја предизвика националистичката хистерија кон Македонија, да ја учат историјата од независни извори и сфатат дека немаат право да се мешаат во одлуката на Македонците како ќе се нарекуваат себе си.
Пуховски: Никој не зборува за грчкиот примитивен национализам
Никој не зборува за грчкиот примитивен национализам, кој што не и дозволува на една држава да се нарекува со своето име.

Македонските гранични проблеми со Косово
Македонија треба да се крсти во Обединитетите нации и Ахтисари
Секое решение за финалниот статус на Косово вон „чадорот“ на Обедиетите Нации за Република Македонија ќе значи отварање на проблемот на границата со Косово со многу неизвесности. Фуснотата во планот на Ахтисари засега е најсигурното решение дека македонската граница во „делот со Косово“ ќе биде почитувана од Приштина. Отсуството на „печатот“ на ООН во определувањето на стаусот на Косово ќе биде можност да се актуелизира дилемата колку се поклопуваат линиите на поранешната административна граница меѓу републиките на некогашна СФРЈ и линијата според спогодбата меѓу Скопје и Белград од 2001 година и дали притоа на Косово му се украдени 2500 хектари територија.


Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................

Месечен извештај за состојбата на човековите права во Република Македонија
Април 2008

Корупција во затворот „Идризово“ најматно во март
Тврдењата на група затвореници дека корупцијата раководи во затворот Идризово е најматен, а намалувањето на корупцијата во катастарот е најбистар настан во март.
Извештај на Стејт департментот за човекови права
Судан, Пакистан, Русија и Кина се меѓу земјите со особено лош учинок во почитувањето на човековите права, според вчера објавениот, редовен годишен извештај на Стејт департментот. За Македонија, Вашингтон оценува дека владата генерално ги почитува човековите права, но како проблем ја наведува злоупотреба на полициските овластувања.
Комитетот за борба против тортура остро ја осуди Македонија
Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата.




................................


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................